| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Тие ќе ветуваат редефинирање, а ние намалување на давачките

Едната работа која ние ќе ја правиме е презентирање на нашата програма и реална понуда, и она што ние по изборите како Влада реално ќе го направиме.  Тоа е најобемната политичка програма досега, и во неа има прецизно и темелно објаснето што како и во кој рок ќе се прави.

Ние ќе го правиме тоа. Тие нека се занимаваат со деструкција ние ќе кажуваме што ќе создаваме, градиме, правиме за граѓаните на оваа земја, за нашиот народ…

Тие ќе пробуваат да ветуваат дека сега му е мајката за редефинирање на Македонија и слично, а ние ќе стоиме зад нашиот даден збор и ќе работиме за нови проекти за граѓаните.

Затоа ќе ја продолжиме политиката на ниски даноци и ослободувања од оданочување и намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за повеќе нови категории на производи и услуги при што покрај намалувањето на ДДВ од 18% на 5% за печки и котли на пелети и на пелетите за греење, ќе извршиме намалување на ДДВ од 18% на 5% на ветеринарните лекови, на услугите на ветеринарните друштва, објави Груевски на Конвенцијата на Коалицијата за подобра Македонија.

Освен тоа, тој најави дека ќе има намалување на ДДВ од 18 на 5% и за влез на спортски натпревари, за изнајмување на спортски објекти.

Ќе има ослободување од царински давачки и ДДВ за специјални такси возила за превоз на лица со инвалидност и намалување на акциза за „намешани“ биогорива како и ќе извршиме ослободување од плаќање на увозни давачки за државјани на Република Македонија кои живеат во пограничен појас, за производи добиени од нивните имоти, рече Груевски.

Нови намалувања на даноците и давачките во Македонија, и за граѓаните и за компаниите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top