Сакам да ве прашам едно важно прашање денес, без многу да кружиме, без да го симнуваме нивото на напади кон противникот, само ќе прашам употребувајќи ја изјавата на кандидатот за Премиер на СДСМ господинот Зоран Заев – Дали македонскиот народ е грдото лице на Македонија!?!? Дали ваков човек може да биде Премиер, дали ваков човек заслужува да ја добие довербата на нашите граѓани?
Вака Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ ја отвори Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, каде што се објавуваат листите со кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори.
– Се сеќавате како викаа нашите кошаркари и ракометари? За кого? За Македонија која оди напред! Денес стоиме тука на презентацијата на кандидатите за пратеници, после оној ден во 2014-та година кога славевме победа со огромна разлика против опозицијата, после две години на тешка, сериозна криза, состојба на поделеност и конфликтност, состојба која не разори како држава, имаше за цел да ни го скрши духот – изјави Груевски.
Според претседателот на ВМРО ДПМНЕ по безброј манипулации дека има 500 илјади фантоми за да излезе дека нема, после куп лаги и подметнувања кои се потврдија за неточни, после протестите на 5-ти мај кога брутално беше нападната и повредувана полицијата, после настаните во Диво Насеље кога лажеа дека е убиено мало невино девојче, после запрени терористички акции на терористите во Диво Насеље, кои имаа за цел да нападнат и дигнат во воздух трговски центри и јавни објекти, а некој утредента се сликаше на истото место со двата прста и уште насмеан до уши, после напади и фарбање на цел главен град и се што се изгради изминатиов период, институции, споменици на македонски херои како да се срамат од нив, и повторно напади на полицајци со што ќе стигнат, со боја со молотови коктели, со шипки, потоа, после директни закани по живот за мене и моите најблиски, после пресретнатите долго подготвувани акции на цело со Чаушот кој нели прво не го познаваа и слично,…после хајка од страна на Специјално Јавно Обвинителство за кое на секого му е јасно дека одработува за некого и има исклучиво политичка цел, после низа лаги за тоа кој прислушувал и колку прислушувани материјали постојат, после прогласувањето на фантоми, прво половина милион, 200 илјади, 50 илјади, 20 илјади, после сериозни природни непогоди, поплави кои сакаа политички да ги злоупотребат. Многумина ме прашуваа сиот овој изминат период како го издржа сето ова на нозе? – рече Груевски.
Според претседателот на владејачката партија неодминлив дел биле и констатациите на Заев дека паднале 93 литри во секунда дожд.
– Значи замислете по еден поголем аквариум секоја секунда да паѓа врз глава, дека за изборите на 11-ти декември ќе сме се договарале до 31-ви декември оваа година, или она дека од изборна единица од 311 илјади гласа, морало да се проверат 526 илјади гласачи, или дека ќе ја зајакнувал културата со поетски читања, или па она дека химната која била интонирана на почетокот на првото заседание на АСНОМ се викала „Изгреј сонце на свободата“, а не Изгреј зора на Свободата… И слични изјави на лидерот на опозицијата кои исто така треба да се издржат, посебно.
Но, шегата на страна, одговорот не е воопшто едноставен, не беше лесно. Лични навреди, тешки клевети, омаловажувања, цел платен арсенал политичко оружје и армија луѓе насочени кон мене и моја дисквалификација, оцрнување и понижување, брутални закани до мене и моето семејство, оркестрирани од една група на луѓе, а потпомогнати од секакви туѓи структури кои имаат свој интерес во целата оваа ситуација…
Кога ќе се сетам наназад низ што се поминавме заедно со вас, како некогаш неизвесноста ни стоеше над глава, како ги слушавме оние деструктивци од опозицијата како се силат наоколу до секој граѓанин без разлика дали е наш подржувач или не, се закануваат, со гнев и омраза поттикнуваат напади по улици, кршења, палења, сквернавења на објекти, нарачуваа лични линчови, навистина човек да се запраша како издржавме до тука…
И кога ќе се обидам да најдам еден збор што ќе ја опише нашата цврстина, нашата волја, убеденост, поттик, мотив да истраеме овој период, тој збор е сепак тука пред нас И секој го знае… тој збор се вика – НАРОД! – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата