Руската федерална служба уапсила група поврзана со ИД поради сомнение дека планира терористички напади на Москва и Санкт Петербург.
Како што пренесуваат агенциите, уапсените се државјани на земји од Централна Азија. Запленети се рачно изработени бомби со голема разорна моќ, огнено оружје и телекомуникациска опрема.
Осомничените признале дека имале контакти со лидерите на ИСИС и јатаци во Русија и други земји.
4 self-made bombs with shrapnel, firearms & communications equipment were seized from detained militants-FSB https://t.co/XAosjiugsK #Daesh pic.twitter.com/oGH3bhhSoD
— Sputnik (@SputnikInt) November 12, 2016
Членовите на терористичката група планирале напади на јавни места во Москва и Санкт Петербург со користење пушки и експлозив со голема разорна моќ, изјавил шефот на ФСБ.
-Федералната служба за безбедност со поддршка на Министерството за внатрешни работи и со странски партнери во Таџикистан и Киргистан запре активнсит на интеррегионална терористичка група која се состои од државјани на Централна Азија, која планирала да изврши низа терористички напади во Москва и Санкт Петербург користејќи автоматско огнено оружје и домашни експлозиви со голем капацитет, стои во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.