Повеќе од шест илјади словенечки полицајци примале три месеци повисоки плати проадибанална грешка која е предоцна откриена, па последната плата морало да им биде значително смалена.
-Ако еден полицаец во просек добивал три месеци повисока плата за 150 евра, тоа значи дека на сите им се преплатени речиси 3 милиони евра. Тешко ми е да поверувам дека тоа никој не го забележал, веројатно сите молчеле се додека грешката не беше исправена во исплатите минатиот месец, изјавил за љубљанскиот весник Дневник неименуван член на полицискиот синдикат.
Тој додава дека случајот треба дополнително да се испита, зашто нешто е сомнутелно, а многумина кои минатиот месец добиле пониски плати велат дека не веруваат во објаснувањето. Словенечките полицајци до средината на оваа година повеќе месеци беа во бел штрајк, барајќи повисоки плати, а овој случај покажува дека зголемувањето на патата не било издејстввуано на преговорите со Владата.
Мнистерството за внатрешни работи објаснува дека до грешката дошло кај платите за јули, август и септември поради грешка во апликацијата со која на вработените им биле пресметани удвоени додатоци за ноќна работа, работа во недела, на државни прзници и некои други додатоци.
Во просек се работи за 68 евра препратени додатоци на секој полицаец, поединци примале и 300 евра плус, па ќе им се овозможи да го вратат износосот на рати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре