Сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово кај Групчин е нормализиран, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Овој патен правец беше блокиран од 10 часот во двата правца поради собир на граѓани.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.