| четврток, 6 декември 2018 |

Домашна фирма гради во Бунарџик: ФПЦ Технопласт ќе инвестира 10 милиони евра и ќе отвори 200 работни места

tirz-640x427Во Технолошко индустриската развојна зона Скопје денеска ќе биде поставен каман-темелник за изградба на фабрика на домашната компанија ФПЦ Технопласт.

Најавена е инвестиција во износ од 10 милиони евра која ќе отвори 200 работни места.

ФПЦ Технопласт произведува пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија

Целокупното производство, според најавите, ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top