| четврток, 6 декември 2018 |

Заев игра на Струмица, Груевски бара предизвик – кој ќе победи во четворката, ќе победи на изборите

Никола Груевски, Зоран Заев, Љубчо Георгиевски, Слободан Богоевски – главната битка на 11 декември ќе се води во четвртата изборна единица. Кој ќе победи во четворката, ќе одлучи кој ќе биде победник на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември.

На  минатите предвремени избори во 2014 година претседателот на СДСМ Зоран Заев избегна да се соочи со пертседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, така што воопшто не се кандидара за пратеник, па затоа годинава тие прв пат ќе се соочат. Зоран Заев е носител на пратеничката листа на коалицијата предводена од СДСМ, а Никола Груевски ќе ја предводи листата на коалицијата “За подобра Македонија“.

Покрај нив, во истата изборна единица се и Љубчо Георгиевски, поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен претседател на ВМРО-НП, кој е носител на листата на коалицијата „ВМРО за Македонија“ и поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, кој е носител на листа од Коалицијата за промени и правда.

izborna-edinica-4

Изборната единица 4 ја сочинуваат:

Општина Прилеп
Општина Струмица
Општина Радовиш
Општина Конче
Општина Валандово
Општина Гевгелија
Општина Дојран
Општина Богданци
Општина Кавадарци
Општина Неготино
Општина Демир Капија
Општина Битола (дел)
Општина Кривогаштани (дел)
Општина Могила
Општина Новаци
Општина Росоман
Општина Босилово
Општина Василево
Општина Ново Село

ie4-rezultati-2014-1
На парламентарните избори во април 2014 година носител на листата на СДСМ во четворката беше Хари Локвенец, а на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставрески. Тогаш СДСМ освои 70.004 гласачи или 8 мандати, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 109.809 гласови или 12 мандати.

ie4-rezultati-2014

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top