| четврток, 6 декември 2018 |

„Кралевите“ на колена пред европскиот шампион, дебакл на Фенербахче во Басконија

teodosic

Кошаркарите на ЦСКА Москва го совлада Реал Мадрид со 91-90 во драматичен меч од Евролигата.„Кралевите“ ја добија првата четвртина со 17-26 и најавија дека нема лесно да се предадат, но потоа силно одговори ЦСКА Москва. Рускиот тим влезе во одлична серија и вториот период го доби со 20 поени разлика (32-12), на одмор заминувајќи со двоцифрена предност.

Сепак, Реал Мадрид повторно се врати во игра, а во самата завршница имаше и напад од три секунди за израмнување. Серхио Љуљ не погоди за тројка, а Мациулис со шут за два поени го постави конечниот резултат на мечот, 91-90 во корист на ЦСКА Москва.

Нандо Де Коло со 28 поени беше најефикасен во составот на „армејците“, а Милош Теодосиќ постигна 15 поени и имаше шест асистенции.

Серхио Љуљ со 21 поени беше предводник на „кралевите“ на овој меч.

baskonija

Басконија дефинитивно сезонава во Евролигата не признава фаворит откако вечерва пред своја публика го совлада турскиот првак Фенербахче со резултат од 86-52 , притоа нанесувајќи му го вториот по ред пораз на клубот од Истанбул.Шпанците добро го започнаа мечот, добивајќи ја првата четвртина со 14-11. Во втората половина од првото полувреме Басконија комплетно ги надигра избраниците на Обрадовиќ, па така на паузата од полувремето замина со дури +17 (41-24).

Ниту стартот на второто полувреме не донесе ништо ново, со оглед на тоа што домаќиниот продолжи да ја гради позитивата за да на пауза во пресрет на последните десет минути замина со +27 (67-40). Басконија умешно ја одигра последната четвртина од мечот и на рутина го сведе мечот во своја полаза за четврта сезонска победа.

Перо Антиќ за 10 минути игра колку што мина на теренот оствари ефект од 4 поени (0/1 за два поени, 1/3 за три поени, 1/2 од линијата за слободни фрлања) на кои придодаде и еден скок. Ниту еден кошаркар во тимот на Фенербахче вечерва немаше двоцифрен број на поени, а најефикасен со 9 поени беше Слукас. Во победничката екипа на Басконија дури тројца играчи беа најефикасни, Ларкин, Барњани и Воигтман дадоа по 13 поени.

Галатасарај го совлада Олимпијакос со 89-87 во уште еден интересен натпревар што се одигра во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top