| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени повеќе од 100 криминалци поради криумчарење луѓе

Со заедничка акција на Европските полициски служби уапсени се повеќе од 100 луѓе осомничени дека криумчареле 6.000 Украинци во Велика Британија и во Ирска, соопшти шпанската полиција.

Меѓу уапсените се 56 Украинци со лажни документи, но не е прецизирано кога биле апсењата.

Припадници на полициите во Франција, Белгија, Украина и Полска уапсиле околу 50 луѓе за кои се верува дека се шефови на криминални банди.

Европол соопшти дека ја координирале акцијата. На мигрантите им се нуделе „цели пакети“ кои содржат лични карти, авионски билети и препораки. Планирано било мигрантите прво да заминат за Полска, а потоа во други држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top