| четврток, 6 декември 2018 |

Нафтата во светот поевтини по победата на Трамп

Цените на нафтата се спуштија во петокот на меѓународните пазари кон 45 долари, бидејќи по почетниот шок поради победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, вниманието повторно се насочи кон прекумерното снабдување.

На лондонскиот пазар центата на барелот падна за 60 центи во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот, и изнесуваше 45,24 центи. Во речиси ист износ барелот поевтини и на американскиот пазар, лизнувајќи се на 44 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) извести дека со референтната кошница нејзина нафта во четвртокот се тргувало по 42,67 долари, што значи дека во однос на претходниот дена поскапел за 67 центи.

Пазарите во четвртокот закрепнуваа од шокот од победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори и веќе пред затворањето на тргувањето вниманието повторно го насочија кон прекумерното снабдување, особено во контекстот на претстојниот официјален состанок на OPEC и најавената операционализација на одлуката за намалување на производството.

Уште откако членките на OPEC на неформалниот собир во Алжир на крајот од септември начелно договорија намалување односно задржување на производството на важечкото ниво, инвеститорите се сомневаат во реализација на тој договор. Во меѓувреме и онака прекумерното снабдување дополнително се зголеми и достигна во октомври ново рекордно ниво, според извештајот што во петокот го објави OPEC.

Нафтениот картел, така, минатиот месец произведувал 33,64 милиони барели дневно, 240.000 барели дневно повеќе отколку од септември. Тоа значи дека OPEC во контекстот на геополитичките случувања меѓу членките би морал да го намали производството за милион барели дневно, доколку сака да го исполни ветеното намалување на 32,5 од 33 милиони барели дневно.

Во меѓувреме Меѓународната агенција за енергетика (IEA), која е советодавна тело на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), процени дека пазарите би можеле да остана прекумерно снабдени и во 2017 година, трета година со ред. Во редовниот месечен извештај IEA наведува дека глобалната понуда во октомври се зголемила за 800.000 барели дневно, на вкупно 97,8 милиони барели дневно, предводена од рекордното производство на OPEC и зголеменото производство на земјите надвор од картелот, како Русија, Бразил, Канада и Казахстан.

„Нафтените пазари се појасно ги одразуваат согласните прогнози дека тврдокорното прекумерно снабдување од 2016 година ќе се продолжи и во 2017 година“, напишаа за Reuters аналитичарите на „JBC Energy“.

Воедно IEA ја потврди прогнозата за раст на побарувачката во текот на оваа година 1,2 барели дневно, а со исто темпо би требало да расте и следната година. Тоа, пак, би значело забавување на растот на побарувачката во однос на минатата 2015 година кога достигна највисоко ниво во последните пет години, од 1,8 милиони барели дневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top