| четврток, 6 декември 2018 |

Црно му се пишува – Еве каква судбина предвиде Баба Ванѓа за Трамп

%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%b0

Доналд Трамп победи на изборите, но ако е за верување на пророчницата баба Ванѓа, контроверзниот милијардер нема да стапи на функцијата американски претседател!

Нострадамус од Балканот, како американските медиуми ја нарекуваат пророчницата, предвиде дека 44 претседател ќе биде афроамериканец. Ако е за верување на пророчницата, приврзаниците на Трамп имаат причина да стравуваат до неговата инаугурација на 20 јануари, затоа што баба Ванѓа прорече дека Обама ќе биде последниот претседател на САД.

Трамп победи во изборната трка, но до влезот во Белата куќа и официјалното превземање на функцијата претседател и понатаму остануваат нешто повеќе од два месеци, така да и понатаму не може да се каже дека пророштвото на Ванѓа не е точно.

Предвидувањата на Вангелије Димитрова, многу попозната како баба Ванга, ги запишувале нејзините соработници, така што и до ден денес се сочувани во фрапантните предвидувања. Таа меѓу остантите предвидувања ги предвиде преструктуирањата во СССР, смртта на принцезата Дијана, почетокот на Втората светска војна, распадот на Југославија, конфликтот во Грузија, влошувањето на еколошката ситуација на нашата планета, па дури и Арапската пролет и војната во Сирија!

Димитрова починала на 11 август 1996 година на 85 годишна возраст. Погребана е во црквата света Петка, а колку бил значајно ова пророштво говори податокот дека по нејзината смрт, научниците од семејството побарале да им дозволат да го проучуваат нејзиниот мозок. Нејзината сестра Љупка, одбила да се касапи нејзиното тело на покојната пророчница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top