| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна временска прогноза: Ново невреме во Македонија

dozd

Под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот, утре ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во попладневните часови, во западните и севроисточните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Во југоисточните подрачја ќе има услови и за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до 70 км/ч.

Од недела, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на висок воздушен притисок, кој ќе услови стабилно, но посвежо време. Дневните темпертури ќе опаднат за неколку степени, а утринските на места ќе се спуштат под нулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top