| четврток, 6 декември 2018 |

Заев најави генерален реизбор на сите судии

zaev

Генерален реизбор на судиите во Македонија по 11 декември, најави на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Ниеден судија повеќе нема да си дозволи да осудува невини луѓе. Ниеден судија нема да смее да помисли да монтира судски процеси и ниеден судија нема да помисли да работи за криминалци затоа што криминалците ќе бидат таму каде што им е местото…, рече Заев.

Додаде дека и сега има поединци во судството кои одважно ја бранат прадвата, за што, како што рече, трпат последици.

– Со реизборот на судството политичарите, извршната власт ќе мора да ги повлечат канџите од судството. Реизборот ќе се случи по критериуми што веќе во повеќе земји даваат видливи резултати, истакна Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top