| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден череп кај Табановце

Вчра во 9.40 часот од МВР на Р.Србија, од заедничкиот контакт-центар во Табановце било пратено известување дека нивна патрола на околу 20 метри од државната граница во македонска територија, во реонот на с. Стража бил забележан труп во фаза на распаѓање.

Полициски службеници од ОДГ„Белановце“ се упатиле на наведеното место и пронашле човечки череп. Поради непристапност на теренот, односно отежнато движење со возила и стемнување, СВР Куманово увид на местото на настанот ќе изврши во текот денешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top