| четврток, 6 декември 2018 |

Лицата со посебни потреби добија справи и реквизити за вежбање (галерија)

Изминативе денови лицата со посебни потреби добија можност да се рекреираат и да вежбаат на справи и реквизити на бесплатни часови, под стручен надзор, во средните училишта на Град Скопје „Михајло Пупин“ и „Здравко Цветковски“, соопшти Град Скопје.

spravi_i_rekviziti_za_vezbanje_za_lica_so_posebni_potrebi_3

– Два дена во неделата лицата со посебни потреби ќе можат да доаѓаат и да се рекреираат и да се дружат. Има справи од различни видови и мислам дека ќе ги задоволат различните потреби на корисниците. За набавка на овие справи Градот Скопје издвои 1,5 милиони денари. Сакам да напоменам и дека обезбедивме и инструктори, односно овие часови ќе се одвиваат под стручен надзор на стручни лица коишто ги плаќаме околу 300. 000 денари. Исто така, има лица од Црвен крст доколку некој се повреди или има потреба да му се укаже лекарска помош.  – рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

spravi_i_rekviziti_za_vezbanje_za_lica_so_posebni_potrebi_2

Лицата со посебни потрени во СУГС „Михајло Пупин“ ќе може да вежбаат секој вторник и четврток по следениов распоред: во 19 часот спортско рекреативни активности за лицата со телесен инвалидитет, а во 20 часот спортско рекреативни активности за лицата со оштетен вид.

spravi_i_rekviziti_za_vezbanje_za_lica_so_posebni_potrebi_5

Во СУГС „Здравко Цветковски“ ќе може да вежбаат секој вторник и петок по следниов распоред: во 19 часот спортско рекреативни активности за лицата со интелектуална попреченост, а во 20 часот спортско рекреативни активности за лицата со оштетен слух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top