Вчера околу 17.00 часот во ЕИК Скопје, од страна на диспечерскиот центар на „ЈСП“ било пријавено нарушување на Јавниот ред и мир во автобус бр.„50“ на ЈСП, кој се движел од Бит-пазар кон Центар, поточно во близина на Бит-пазар.
Десетина непознати машки лица, на горниот кат од автобусот, физички нападнале две седумнаесетгодишни момчиња од с.Орман, и од с.Мирковци. Притоа, двајцата малолетници се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и отоци по лицето и телото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.