Традиционална и органска храна, зачини, чаеви, регионални алкохолни пијалоци, природна козметика и облека ќе се продаваат на саемот „Вкусот на Македонија“, кој од денеска до 13 ноември ќе се одржува во Скопје.
На саемот свои производи ќе продаваат 22 мали и средни бизниси од рурална Македонија.
Саемот е организиран од шест локални акциони групи од рурална Македонија во партнерство со ТЦ „Рамстор“ и со подршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бисзниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.
Локалните акциони групи се здруженија од граѓани сочинети од претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од две до четири соседни рурални општини. Здруженијата се основани како дел од воведувањето на ЕУ Леадер пристапот за локален економски развој во руралните средини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст