| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија на рафинерија во Албанија, има повредени

%d1%80%d0%b0%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%bf%d0%bb%d0%be%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0

Силна експлозија се случи синоќа во рафинеријата во албанскиот град Балш, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во експлозијата, според официјални податоци животот го загубил еден работник, додека шестмина се повредени. Четворица од нив, поради сериозните повреди, се префрлени на лекување во регионалната болница во Фиер.

На социјалните мрежи жители на Балш тврдат дека бројот на загинатите е најмалку четворица и оти се повредени најмалку единаесет работници.

Многубројни екипи биле вклучени во евакуација на сите работници од фабриката, која била зафатена од голем пожар.

Експлозијата се случила од пумпа со водород, во погонот за завршна фаза за преработка на нафтата, кој бил во близина на хемиските реакори.

Во гаснењето на пожарот биле вклучени противпожарни возила од повеќе градови, кои по полноќ успеале да го локализираат пожарот и да спречат поголема катастрофа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top