Бившиот телохранител на Ким Кардашијан одлучил ги откри најмрачните тајни на славното семејство.
Телохранителот Марк Бехар за магазинот „Now“ вели дека односот помеѓу Ким и Кање е всушност само „професионален аранжман“ и дека нивната „шоубиз бајка“ нема долго да потрае, како и дека сега се заедно само затоа што имаат деца.
Телохранителот тврди дека ги видел Ким и Кање како збеснати врескаат еден на друг на доделувањето на ВМА наградите минатата година.
– Се караа, бидејќи Кање разговараше и флертуваше со други девојки – изјавил телохранителот.
Кога остатокот од семејството Кардашијан е во прашање, Марк сите ги нарекол “лешинари”.
– Така само можам да ги опишам. Тие се виновни за сите проблеми на мажите во нивниот дом (Скот Дисик, Ламар Одом и Роб Кардашијан). Ќе ги примат дома, ќе им кажат дека им го препуштаат својот живот, а кога ќе им станат бескорисни – само ги исфрлуваат надвор. Тие едноставно ги јадат мажите – тврди овој телохранител.
Но, тоа не е се. Марк тврди и дека целото нивно реално шоу е една голема лага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.