| четврток, 6 декември 2018 |

Курц: ЕК ја препознава улогата на Македонија во емигрантската криза

Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, на својот профил на „Твитер“ објави дека ЕК во пакетот за проширување ја препознава значајната улога на Македонија во емигрантската криза.

Наведува дека по „по претстојните и кредибилни избори, потребно е рестартирање на реформите“.

Курц воедно изразува и благодарност до својот македонски колега Никола Поповски.

Австрискиот министер за надворешни работи оваа порака ја објави пред денешната Меѓународната конференција за миграции што се одржува во Виена, Австрија, на која учествува и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top