Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре, 11.11.2016 година, ќе читате:
Доналд Трамп е нов претседател на САД
Америка повторно ќе биде голема
Иако на сите и во Берлин, и во Париз, и во Лондон и во Варшава им е јасно дека тоа што го говореше Трамп во својата кампања нема да биде спроведено ниту на ниво од 20 проценти, тоа не беше доволно за почетни позитивни пораки кон човекот кој ниту е најпопуларен ниту најумен од сите претходни американски претседатели, но, во секој случај, е најхрабар американски лидер. Без разлика на високото ниво на егзибиционизам што Трамп го покажа во кампањата и претходно во „Реални емисии“ на телевизија, тој се впушти во досега невиден судир со американскиот политички и бизнис естаблишмент, граден повеќе од два века, и на крајот успеа да го победи.
Да се тврди денеска, кога целиот западен свет предупредува од опасностите од неговото владеење, дека Трамп носи надеж, можеби, е несоодветно, но за авторот на овој текст тоа е апсолутна вистина.
Мирчевски до Бабаноски
Помина времето кога се плашевме од удбашките закани
Помина времето во кое вие и вашите соработници го плашевте, мачевте и ликвидиравте секој неистомисленик, противник на тогашниот систем, активист за слободна и независна Македонија. Помина времето во кое мрачните ликови како вас ги реализираа ваквите мрачни сценарија и се извлекуваа од одговорност. За разлика од тогаш, кога благодарение на службата сте имале моќ да си поигрувате со човечки животи и судбини, денес бидете уверен дека не можете да се повикате ниту на моќта на Заев ниту на моќта на чадорот за да ги правите истите злодела. Едноставно, ниту некој ви се плаши ниту некој може да ве спаси! Нека не ве залажува никој од ова политичко-криминално друштво дека на 12 декември ќе се случи нешто што ќе ви даде можност и сила да го испратите Србов или кој било друг во „Дрисла“. Напротив, на 12 декември ти и твојата банда ќе завршите на буништето од историјата, заедно со сето ваше ѓубре што го создадовте во изминатиот период. Да не те лаже ѓаволот ниту сега, ниту на 12 декември, повторно да се приближиш до нашата редакција. Сепак, ако моите зборови не можат да те премислат, те советувам следната порака до Србов или до кој било новинар или соработник на „Република“ да не ја испраќаш на таков кукавички начин преку колешки. Те охрабрувам да бидеш маж и да ме побараш мене како уредник или некој друг одговорен во медиумот за директно да ни ја пренесеш заканата. Те уверувам дека ќе бидеш соодветно пречекан и уште посоодветно испратен.
Нарачаните скандали не поминуваат
Кострукциите од „фабриката за афери“ со тежок дефект
Случајот со министерот Диме Спасов уште еднаш докажа дека во опозицијата има многу болни умови, кои со опасни игри очајно се обидуваат да се дограбат до власт, но и дека истите тие ги живеат своите пет минути благодарение на опозициски пера, кои се во тесна врска со СДСМ и со Сорос. Фабрикуваниот скандал воопшто не е нешто ново од кујната на Павел Шатев, токму затоа треба да се анализира како дел од низата опасни лаги произведени оттаму со цел уривање на државните институции, хајка против раководството на ВМРО-ДПМНЕ и насилно освојување на власта.
Конструираната афера за Спасов не е ниту прва ниту последна што била произведена од фабриката за афери на СДСМ, но од неа многу добро може да се види до каде стигнало лудилото на Заев и до кое дно паднале овие медиуми. Всушност, опозициските новинари, кои сè уште меѓу себе милуваат да се нарекуваат „професионалци“, всушност, многу одамна скапо ја продадоа професијата и својот кредибилитет, па така денес можеме да ги видиме како до пладне изигруваат катран-новинари оцрнувајќи ги сите неистомисленици и противници на налогодавците, а попладне се трансформираат во варакина-новинари со задача по секоја цена да се обели образот на нивниот лидер Заев и на неговите најблиски соработници.
Урбана сказна: како Заев и Рада си приватизираа една партија
Пуч во СДСМ за спас од последиците по 11 декември
Фатени во тесно и со скратени ресурси и овластувања, раководството го искористи наученото, па, преку испробаната формула, во двегодишна транзиција си ја приватизираше партијата. Фактот ги растревожи старите „комуњари“, но нивната реакција е задоцнета и предизвикана од лични побуди. Побудата се вика пратеничко место, кое не го добија, а чијшто недостиг ги свести дека лидерот подготвувал пуч и во партијата?! Еурека! Па зар, по сѐ што се случи досега, дотичните се посомневаа во неговите пучистички квалитети? Нивниот бестрашен лидер требаше одамна да ги увери своите „неверни Томи“ дека ролјата одлично му прилега. Добро, за волја на вистината, првиот пат акцијата и не му беше баш успешна и за пофалба, но ако човекот учи додека е жив, зошто да не го прави тоа и Заев? Сетете се само на „прогресот“ во интервјуата…
Колумна, Ацо Станковски
Чадор
Тука поминале многу луѓе, на кои „чадорите“ им откажале љубов. Затоа, многу тешки моменти настапуваат за шпионите кога ќе ја загубат наклонетоста на „чадорот“. Тоа не е обична романса со елегичен амбиент во душата и многу лирска растрепереност во воздухот. Овој раскин е проследен со константна закана по животот, од едната или, пак, од другата страна. Таквата егзистенција го носи претвкусот на пеколот.
Не мал број вака заталкани агенти од кариера се најдени убиени и фрлени во некој ендек или, пак, изнуркале надуени на површината од некој канал. Луѓето се собираат на кејот и го гледаат трупот што плови.
Понекогаш, не така често, некои од овие убиени агенти имале чадор во раката. А, понекогаш во нивното торзо бил зариен чадор. Ова, секако, не ни кажува многу, освен што упатува на чадорот – како на оружје.
Двоглед
Заев ја смени изјавата: „Не е точно дека сакав Хилари да победи, јас сум за Доналт Рамп од прадедо до денес“
Зоран Заев попладнево (9.11.2016 година) ја посети американската амбасада во Скопје за да ја смени изјавата што ја даде на самиот ден на изборите во САД во интервју на ТВ „24 вести“.
Откако утрово во траорна атмосфера помина настанот во хотелот „Александар палас“ по повод претседателските избори во Америка, организиран од Амбасадата на САД во Македонија, Зоран Заев замина на партиски консултации во седиштето на СДСМ. Неколку часа подоцна тој замина кон Кале во седиштето на Амбасадата во Скопје и таму даде изјава за медиуми.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст