| четврток, 6 декември 2018 |

Во трговијата на мало се очекуваат повеќе порачки, вработувања и пониски цени

Раководителите на деловните субјекти во трговијата на мало оценуваат дека во третото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а очекуваат и поповолна состојба и во наредните два квартала, објави Државниот завод за статистика.

Количината на залихите е незначително намалена во однос на претходното тримесечје. Финансиската состојба во третото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2016 година, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголемат.

Продажните цени во третото тримесечје од 2016 година се намалиле во однос на второто тримесечје од 2016 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се намалат.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2016 година слабата побарувачка на купувачите со 22,2 отсто, зголемената конкуренција со 19,9 отсто и зголемената понуда на пазарот со 18 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top