| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Груевски најпопуларен и најтолерантен политичар

gruevski-kicevo

Теренската и телефонската анкета (1.104 испитаници) на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) покажа дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се најприфатливи за македонските граѓани.

Освен тоа што оваа партија и натаму убедливо води во однос на прашањето за кого би гласале (22% од испитаниците би го дале својот глас за ВМРО – ДПМНЕ, 10 отсто за СДСМ, 9% за ДУИ, 4% за ДПА…), анкетата покажува дека за граѓаните се прифатливи и политиките што ги води оваа партија и нивниот лидер Никола Груевски.

Ако се исклучат испитаниците кои не се определиле за ниту една партија или немале мислење, за ВМРО–ДПМНЕ се изјасниле 41%, за СДСМ 19%, за ДУИ 17% и за ДПА 8%. Од помалите партии, 3% се изјасниле дека ќе го дадат својот глас за НДП, и 1,5% за ДОМ и ЛДП.

За перцепцијата на лидерите на македонските партии добиени се следните резултати. За Никола Груевски позитивно се изјасниле 34 отсто од испитаниците (37% имаат негативно мислење). За Бранко Црвенковски позитивно се изјасните 11 отсто од испитаниците ( 57% искажале негативно мислење). Лилјана Поповска ужива позитивно мислење од 18 отсто од испитаниците, додека 29% искажале негативно мислење. Андреј Жерновски е популарен кај 26 отсто од испитаниците (31% негативно).

На прашањето кој лидер на политичка партија сметате дека е најтолерантен, 21 отсто се изјасниле за Никола Груевски, 9 отсто за Али Ахмети, 6 отсто за Бранко Црвенковски и 5 отсто за Лилјана Поповска.

Според анкетата на ЦИКП, најразумна (најумерена) политика води ВМРО-ДПМНЕ ( 24%), а 9% се изјасниле за ДУИ и СДСМ, 3,5% се изјасниле за ДПА и 3% се изјасниле за ДОМ.

И во грижата за животната средина, анкетата покажува дека граѓаните се согласни дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се грижи во споредба со своите политички конкуренти – 17% од испитаниците се изјасниле за ВМРО – ДПМНЕ (17% од испитаниците се изјасниле и за зелената партија ДОМ). Останате партии добиле незначителна подршка по ова прашање.

Која партија најдобро ќе се справи со невработеноста, беше следното прашање на анкетата. За ВМРО – ДПМНЕ се изјасниле 22 отсто од испитаниците, 8 отсто се изјасниле за ДУИ, 6% за СДСМ, 3% за ДПА…

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот подржан од ЕУ „Партнерство за отворена влада-право да знаеш во ЈУИ Европа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top