Русија ја обвини Холандија дека сакала да ја шпионира нејзината флота на Медитеранот, пренесува агенцијата AFP. Руското министерство за одбрана соопшти дека холандска подморница извела маневар во обид да се приближи на руската флота на чело со носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков, на конференција за новинари изјави дека руските разорувачи „Северноморск“ и „Вице адмирал Кулаков“ детектирале холандска подморница на дизел погон која се обидела да се приближи и да ја следи групата бродови во придружба на рускиот носач на авиони, пренесува агенцијата Спутник.
Конашенков додал дека подморницата, за време на инцидентот, се наоѓала на околу 20 километри од носачот на авиони.
Официјални лица на НАТО не сакале да го коментираат инцидентот, но сепак признаа дека „неколку седмици“ ја набљудуваат руската флота, што и не е чудно имајќи предвид дека руските бродови на пат кон Сирија поминуваат долж границите на територијалното море на неколку европски држави, од Норвешка до Велика Британија па и до Шпанија.
Од руското министерство за одбрана велат дека тие редовно детектираат подморници на НАТО на патот на својата флота во Медитеранот. Русите предупредија дека ваквите инциденти можат да имаат тешки последици.
Агенцијата AFP го цитира поморскиот експерт Џејми Кареман кој смета дека е прилично шокантно да се открие подморница во тајна мисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст