| четврток, 6 декември 2018 |

Извршители на врата: За долг од 25 илјади евра Карлеуша остана без кичот

11

Полиција и државни службеници вчера упаднале во куќата на Јелена Карлеуша затоа што не ја исплатила оштетата од 3 милиони динари на својата колешка Дијана Јаннковиќ кои требала да и ги даде за повреда на угледот и честа.

Полицајците заедно со судските извршители вчера ги попишувале работите во куќата на Карлеуша (38) заради нејзиниот долг кој судот одредил дека мора да и го исплати на Јанковиќ (28).

dijana-jankovic

Со оглед на тоа што Карлеуша парите не ги платила во законскиот рок, извршителите и се појавиле на врата. Јелена не можела сето тоа да го гледа, па ја напуштила куќата пред да пристигне полицијата. Во куќата останала само помошничката.

Полицијата и извршителите во домот на пејачката минале околу еден час, а штом завршиле со обврските, Јелена со својот џип се вратила во домот.

01

Од српски Курир се обиделе да ја контактираат Карлеуша, но таа не била достапна за одговор, додека Дијана Јанковиќ кратко им одговорила.

– Судот донесе одлука, а државните органи си ја вршат работата. Во моментов се пакувам и одам за Америка каде имам закажано снимање, одговорила таа.

jelena-karleusa-kuca-670x502

Инаку пејачките „завојувале“ пред околу две години кога Карлеуша ја исмејувала снимката од домот на Дијана во која пејачката со лифт се симнувала на приземје. Потоа почнале препукувањата во медиумите, а Јелена на својот Твитер профил напишала дека баш ја интересира како Дијана го добила прекарот стотка, што очигледно ја прелило чашата, па случајот завршил на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top