| четврток, 6 декември 2018 |

Фрлена бомба врз француската амбасада во Атина, ранет е еден полицаец

Две непознати лица на мотоцикл денес наутро фрлиле рачна бомба пред француската амбасада во Атина, притоа лесно повредувајќи полицаец, соопшти грчката полиција.

Антитерористичката единица ја води истрагата за нападот кој се случил нешто пред 4 часот наутро на една од големите авении во центарот на Атина, наспроти парламентот, јавуваат грчките медиуми.

Полицаецот кој се наоѓал пред стражарската куќичка и го чувал главниот влез бил хоспитализиран, но само со полесни повреди на нозете.

Експлозијата на бомбата предизвикала само помала штета на влезната врата.

Полицијата не ја исклучува можноста нападот да е поврзан со јакнењето на екстремната десница во Франција, еден ден по честитката која претседателката на Националниот фронт, Марин ле Пен, му ја испрати на Доналд Трамп, победникот на американските претседателски избори, пишува Јуроњуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top