| четврток, 6 декември 2018 |

Нов закон за каматите во Македонија: Важна вест за сите кои имаат кредит во банка

Попрецизно одредување на каматните стапки на кредитите и на депозитите што банките им ги нудат на граѓаните и на фирмите ќе гарантира новиот Закон за облигациони односи, чиишто измени веќе се подготвуваат.

Од Народната банка потврдуваат дека во тек е јавна расправа за измените на овој закон, но не се открива кога ќе биде изработен, пишува „Дневник“.

Практично овој закон ќе биде дел од новиот граѓански законик, кој исто така веќе е во подготовка. НБМ веќе испрати предупредување до банките потранспарентно да ги одредуваат каматните стапки за граѓаните да не се доведуваат во заблуда за висината на каматите што ги плаќаат на кредитите или ги добиваат за депонираните депозити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top