| четврток, 6 декември 2018 |

Што ќе прави Обама откако ќе се исели од Белата куќа?

Што ќе прави Барак Обама по јануари в година, откако ќе ја напушти Белата куќа? Пред него се отвораат неколку перспективи по двата претседателски мандата, пишува весникот „Фигаро“.

Прво Барак и Мишел Обама немаат намера да го напуштаат Вашингтон.

Тие веќе изнајмиле голема куќа во близина на Белата куќа и ќе живеат таму две години, сè додека нивната помала ќерка Саша не го заврши училиштето. Куќата е во квартот Калорама и има осум спални соби и девет бањи.

Од 1921 година немало случај поранешен претседател на САД да остане во Вашингтон. Поради тоа, коментира „Фигаро“ постои можност Обама по две години да се пресели во Њујорк. Тој таму може да предава право на Колумбискиот универзитет, каде што студирал на почетокот на ’80-тите години од минатиот век. И Обама самиот претходно призна дека сака да предава.

Една од можните опциии е да предава на Универзитетот „Хауард“ во Вашингтон, каде што преовладуваат студенти Афроамериканци.

Обама може да се впушти и во пишувањето мемоари, традиција на поранешни претседатели. Се оценува дека од книга со неговите мемоари може да оствари приходи од над 300 милиони долари.

Претседателот може да држи предавање и конференции, како еден од неговите претходници Бил Клинтон и за секоја од нив да добива хонорар од 250 илјади долари.

Друга варијанта за Обама е да се пресели во Чикаго, каде што минал дел од животот со својата сопруга Мишел Обама. Тој таму работел како социјален работник, потоа како адвокат и професор по право, а на крај и како член на Сенатот на сојузната држава Илионоис, пред да стане федерален сенатор.

Евентуалното враќање во Хонолулу на Хавајските Острови е последната веројатна опција за семејството Обама, кое таму традиционално ги минува божикните и новогодишните празници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top