| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денес ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија.

Признанието „Повелба на Република Македонија“ на Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија се доделува по повод 70 години од основањето како професионална и научнo–стручна организација, а особено за постигнатите резултати во стимулирањето и координирањето на развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top