| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбал без пиво, Катар забрани алкохол на Светското првенство во 2022 година

katar-2022

Властите на Катар забранија употреба на алкохолни пијалаци на улиците и во кафе-баровите по натпреварите од Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи за шест години.

– Употребата на алкохол ќе биде забранета по улиците, плоштадите и другите општенствени места. Тоа е конечно решение. Ние сме против консумирање алкохол на и околу стадионите. Го почитуваме нашиот закон и се трудиме да не ги прекршиме нашите обичаи и традицијата – истакна генералниот секретар на организациониот комитет на СП, Хасан Ал-Тавади.

Медиумите од Катар информираат дека странските лица ќе мора да аплицираат за лиценци за консумирање алкохол, додека, пак, во хотелите алкохолните пијалоци ќе бидат дозволени без ограничување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top