По победата на Доналд Трамп, луѓето изреволтирани од овие избори веќе почнале да посакуваат Мишел Обама да се кандидира за претседател во 2020. година, и да успее таму каде што Хилари не успеа.
Многу брзо по објавувањето на резултатите од американските избори, корисниците на социјалните мрежи почнале да бомбардираат со објави во кои дури и го молат Бог досегашната прва дама да се кандидира за претседател за четири години.
Не се знае дали Мишел Обама ќе повлече некаков потег по ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.