Големата разочараност и тага во редовите на СДСМ по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД никако да спласне од утрово кога стана јасно дека попусто беше еуфоричната атмосфера која ја креваа дека Хилари е идниот претседател на САД и го исмејуваа Трамп како некомпетентен и недоветен.
Во која насока ќе се движат емоциите најави уште утрово разочараната потпретседателка на партијата, Радмила Шеќеринска, која со нескриено разочарување изјави:
–Не можам да кажам дека не жалам што не победи жена. Изборите во САД покажаа дека дури и големата медиумска поддршка не е доволна кога граѓаните бараат промени. Сите укажуваа победа на Клинтон, но се случи спротивното. Тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија, изјави Шеќеринска.
„Waiting for the new US President . Hillary for America!“, Напиша и утна Стефан Богоев на својот Фејсбук профил, во септември годинава, откако беше пратен од страна на СДСМ на помош во кампањата на Хилари.
Зоран Заев, во своето вчерашно интервју, црвсто застаана зад губитникот Хилари.
На прашањето дали може да даде прогноза за изброите во Америка, Заев рече дека се надева на победа на демократите.
Велат надежта последна умира, па така и за Лидија Димова од СДСМ, која до последен момент навиваше за Хилари Клинтон.
По долгата непроспиена ноќ, перјаниците на Сорос, меѓу кои Борјан Јовановски почнаа со тага да пишуваат за поразот на Хилари на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.
-По 9/11 на Америка и се случува 11/9 и Game over… Доналд Трамп е претседател на САД, беа пораките на Јовановски по долгата непроспиена ноќ.
На рапорт за да ги одработат парите на Сорос се јавија и Бранко Героски и Бранко Тричковски.
Ваквата разочараност во редовите на СДСМ е очекувана, ако се земе предвид, дека Џорџ Сорос нивниот главен финансиер беше и главен финансиер на Хилари Клинтон, дотолку повеќе стравот во редовите на опозицијата е голем поради сериозните закани на Трамп до Сорос, дека ќе го прочешла неговото финансиско работење, а со тоа би моежеле да секнат сите финансии до нивната Сорос Македонија, организација која ги финансира активностите на СДСМ и Шарената револуција.
Инаку во целиот изминат период додека траеше предизборната трка во САД, активистите на СДСМ и Сорос на социјалните мрежи го исмеваа Трамп и даваа жестока подршка за Хилари Клинтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст