Скоро третина од производената храна во светот годишно се фрла, што е околу 1,3 милијарди тони. Статистиките се шокирачки, но луѓето често се плашат од труење со храна, така што прво ќе ја фрлат храната отколку да ризикуваат, дури и кога изгледа и мириса добро.
„Фимељ храна и пијалок“ откриваат која храна е сигурна, а која не е по датумот на истекот на рокот на употребата.
Пред се треба да се разликуваат два вида предупредувања кои се пишуваат на амбалажите: „Најдобро е да се употреби до“ и „Употребливо до“. Кога пишува „Употребливо до“ тоа значи дека не може да се употребува по истекот на рокот, а „Најдобро е да се употрби до“ повеќе се однесува на квалитетот на храната, што значи дека може да се јаде по истекот на рокот, само нема да биде со ист квалитет.
Алкохолот може да трае со години, но дури и по истекот на рокот, вотката и вискито нема да ви наштетат. Пивото, исто така, но веројатно нема да имаат ист вкус. Од друга страна, кремастите алкохолни пијалоци или оние кои долго стоеле на сонце, не се безбедни за нашето здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст