| четврток, 6 декември 2018 |

Обама, црномурниот претседател кој можеби сепак успеа

Американскиот претседател Барак Обама, кој ќе ја напушти должноста во јануари, веќе влезе во историјата на САД како првиот прв црн станар на Белата куќа, но кога се сумираат резултатите од неговите вкупно осум години, или два мандата, се забележува дека значително ја изменил американската улога во светот и нејзината внатрешна политичка слика.
Кога во февруари 2010 година, Барак Обама наполни една година во Белата куќа, Сара Палин, поразената кандидатка за потпретседател на САД во 2008 година потсмешливо запраша „Како оди со она околу надежите и промените?“. Тогаш релативно младиот претседател ветуваше поведри денови на надежи и промени, завршување на идеолошките судири и крвавите странски војни, но тешко се носеше со ентузијазмот кој самиот го предизвика.

Во првата година од неговиот претседателски мандат без работа останаа четири милиони Американци, стотици ги загубија своите животи во „вечните“ војни во Ирак и во Авганистан, а републиканците и демократите беа понеорганизирани од кога и да е дотогаш. Обама, затоа, се обиде да ги ублажи големите очекувања на јавноста. „Живееме во тешки и несигурни времиња“, рече во текот на својот прв говор во Конгресот кога многумина беа изненадени од неговиот песимизам.

Меѓутоа, неговата реторика, којашто честопати потсетуваше на онаа на истанкатите светски државници како Винстон Черчил или на Џон Ф. Кенеди, ја постави летвата премногу високо. Не му помогна ниту Комитетот за доделување на Нобеловата награда за мир, кој му го даде ова престижно признание само неколку месеци откако стапи на должноста уште додека САД беа длабоко загазени во „вечните“ војни на Истокот.

Сепак, економските резултати на Обама дадоа извесни резултати. Американската економија растеше бавно, но постојано од глобалната економска криза од 2008 година, предизвикана токму од крахот на економијата во САД. Масивните фискални поттикнувања и незапаметените монетарни олеснувања, она што американскиот министер за финансии го нарекуваше „ѕид на парите“, ја ублажија кризата, но закрепнувањето не беше воедначено.

Заканите од џихадистички напади и натаму се актуелни, војните во Ирак и во Авганистан и натаму траат, но со помало учество и помал број американски жртви, но беа отворени и сириската и украинската криза, најмногу поради колебливото вмешување на САД. Обврзувањето од странана Обама дека ќе соработува со меѓународната заедница, со што декларативно се дистанцираше од својот претходник републиканецот Џорџ В. Буш, и оти ќе го врати угледот на САД во светот, му донесоа тогаш статус на рок ѕвезда. Неговото мото дека „ниедна нација, колку и да е голема или моќна, не може самата да се носи со сите предизвици“, ја поздравија двесте илјади луѓе на улиците на германската престолнина Берлин во 2013 година.

обама

Повремено се чинеше дека Обама ќе стави крај на повоената американска хегемонија во светот. Меѓутоа, во прв ред од економски причини, американските национални интереси ги дефинираше многу потесно, избегнувајќи ги директните воени интервенции, дури и кога беа минувани зацртаните линии и кога досегашното реноме на САД беше нарушен. Да се биде „светски полицаец“ чинеше премногу пари и крв. Наместо тоа, Обама се сврти кон своите сојузници, кои Вашингтон ги држеше блиску до себе, како што ќе се покаже подоцна со одредени сознанија за нив собрани со масивното прислушување од страна на американските разузнавачки агенции вклучително и на сојузниците, и ги принуди да го распореди товарот. Во уривањето на ткн авторитарни режими во текот на ткн Арапска пролет во 2011 година, во Либија, Египет, Тунис и други земји, САД операциите ги водеа „од заднина“.
obama-patiki-kosarka-696x579
Меѓутоа, таа промена на политиката се одвиваше во проблематичен период. Намалувањето на американската моќ се совпадна со јакнењето на нејзините ривали кои покажаа воинственост кога беа загрозени нивните интереси, како и слабеењето на сојузниците во Европа поради финансиските, општествените и безбедносните прашања. Кина и Русија, во Кси Џинпинг и во Владимир Путин ги добија најмоќните водачи од времињата на Мао Цетунг и Леонид Брежнев, а во Турција долгогодишното секуларно прозападно наследство на Мустафа Кемал Ататурк, започна да губи на силата пред налетот на исламскиот конзервативец Реџеп Тајип Ердоган.
obama-fb

Така, недостатоците на доктрината на Обама не станаа толку немилосрдно јасни како во Сирија, каде колебливоста САД директно да се вмешаат и дипломатски во првите години од граѓанската војна за сметка на своите блискоисточни сојузници сунитски монархии, доведе до губење на стотици илјади животи и позначајно присуство на Русија во регионот.

Мандатот на Обама и на домашната сцена доживеа сеизмички поместувања. Американската политика од 1990-те беше одбележана со борбата меѓу десницата и левицата, конзервативците и либералите, а неговиот мандат ќе остане забележан како време во којашто таа страница се сврти во полза на вторите, што се рефлектираше, пак, во борбата за неговиот наследник.

Со меѓународниот консензус за справувањето со климатските промени, Обама ги стивна критиките од републиканците и нивното негирање дека постои глобално затоплување. Во само една седмица во јуни 2015 година Обама го создаде впечатокот дека ги запрел „војните меѓу културите“.
obama-i-putin-govorqt-pri-zakriti-vrata-v-parij-341623
Прво беше отфрлена жалбата против неговото здравствено законодавство, Врховниот суд ги поддржа хомосексуалните бракови, а Обама одржа претседателски говор во слава на Клемента Пинкни, црната проповедничка која ја застрела белец, критикувајќи го притоа законот за поседување и носење оружје и носталгијата на американскиот југ од минатиот век. Знамето на Конфедерацијата,нагласи тогаш Обама, е „потсетник на систематското угнетување и расното подјармување“.

На изборите во вторник (8-ми ноември 2016 година), на кои се бара наследникот на Барак Обама, борбата се води на поинаков терен. Разликата меѓу десницата и левицата е нејасна. По Обама, се чини, политичките предизвици ќе бидат економските – глобализмот против протекционизмот, популизмот против либерализмот.

Американската внатрешна политика се измести од партизмот, а дури и најжестоките критичари на Обама признаваат дека неговите два мандата биле „морално и етички чисти“. Обама, кој беше критикуван дека е студен и дистанциран, Овалната канцеларија ја напушта со позитивен впечаток во јавноста кој е близу нивоата кои ги имаа Бил Клинтон и Роналд Реган. Неговото политичко наследство сé уште не е целосно дефинирани, но пред крајот на мандатот дири 55 отсто од Американците веруваат дека „она околу надежите и промените“ во голема мера успеало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top