Со музика почнала да се занимава како тинејџерка, а веќе 4 децении ужива во регоионална слава и блескава кариера.
Зорица Брунцлик ја открил Бора Спужиќ Квака, таа ѝ била школска другарка на неговата ќерка.
Во почетокот на кариерата пеела по кафани, но по пет години, при гостување во еден ресторамн, се запознала со тогаш сѐ уште неафирмираниот композитор и пејач Новица Урошевиќ, со кого подоцна и почнала да ја гради музичката кариера.
Првата плоча ја снимила на 20 години, во 1975 година.
Се појавила како убава црнка, која ја воодушевила машката популација.
Потоа ја променила бојата на косата во розова, а таква ја препознаваме и денеска.
Во едно ТВ-гостување открила дека бојата што е нејзин заштитен знак ја добила случајно.
-Во тоа време немаше овде да се купи боја, па Кемиш отиде да купи на аеродром. Нарачал од Швајцарија залиха за две години, а тие по грешка му испратиле розова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По стапките на мајка и: Злата Аранѓеловиќ го копира стилот на Брунцлик
-
Откриена долго чувана тајна – овој човек е татко на ќерката на Зорица Брунцлик
-
Би-би-си снима филм за Зорица Брунцлик „Жената која ја победи српската власт“
-
Плачев за сите пари: Зорица откри зошто излета од студиото на „Пинкови ѕвезди“