Како и изминатите неколку години во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во процесот на проширување придавката „македонски“ ја има само двапати.
Откако пред четири години оваа придавка „волшебно“ ја снема од извештаите на ЕК, како вид притисок од Брисел кон Македонија, изминатите три години е наведена само колку да нема забелешки од високите владини претставници од Македонија.
Па, така, во овој извештај на 88 странции на Брисел за Македонија, првиот пат, придавката е употребена при објаснувањето дека „македонската Влада направила лимитиран прогрес во имплементирањето на Итните реформски приоритети на Европската комисија од јуни 2015 година. Втората е во однос на тоа дека е потребен „функционален преглед за оценка на рационалноста на организирање на македонската јавна администрација“.
Исто така, придавката „македонски“ може да се забележи и при употребата на термините „Македонски пошти“, како и во дескрипцијата на целото име на ВМРО-ДПМНЕ (Внатрешно македонска револуционерна партија – демократска партија за македонско национално единство).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст