Тригодишниот син на пејачот Мајкл Бабл, Ноа, има рак на црниот дроб, тврди еден аргентински магазин.
Лекарите во Лос Анџелес минатиот викенд со биопсија го потврдија она од што Мајкл и неговата сопруга, аргентинската актерка Лусијана Лопилато најмногу се плашеа. Ноа наводно почнал со хемотерапија која ќе трае четири месеци.
-Ракот е ужасна болест, но веруваме дека Ноа ова ќе го преброди. Знаеме дека ќе ја победи болеста. Сега почнува долго и тешко лекување, но без тоа не може. Велат дека децата обично се доволно силни да ја пребродат хемотерапијата, а мојот внук е борец – рекла сестрата на Лусијана, Даниела.
Таа додала дека после хемотерапијата Ноа најверојатно ќе мора на операција, но дека лекарите прогнозираат дека шансите се 90 отсто дека ќе го победи ракот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.