| четврток, 6 декември 2018 |

И официјално: Таа е наша идна снаа, кралската палата во одбрана на Меган

Во необичен пресврт на настаните, Палатата Кенсингтон објави официјална изјава во името на принцот Хари со која ги замолуваат интернет „троловите”, јавноста и медиумите да ја остават на мира неговата девојка Меган Маркл.

prince-harry-and-megan-markle-are-reportedly-dating
Во изјавата на Кралската палата пишува дека од кралското семејство “се надеваат дека тие што ја напаѓаат Меган ќе застанат и ќе размислат, пред да направат голема штета”.

cwu3sh-wiaas5ei

Со ова, дефинитивно е потврдена врската помеѓу принцот Хари и американската актерка, па оттаму јасно е зошто се обидува да ја заштити. Меган во моментов се справува со многу проблеми поради новата љубов – јавни навреди, вознемирување на нејзиното семејство, прогон од папараците, расизам, легални битки со медиумите, дури и константните обиди од весниците да го поткупат нејзиното поранешно момче во обид да дојдат до “сочни” детали за нејзиното минато.

Се надеваме дека оваа врска ќе успее и покрај сите предизвици!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top