| четврток, 6 декември 2018 |

Фолкерите удрија по Трифуновиќ: Ги бришеме солзите со банкноти од по 100 евра

Откако Сергеј Трифуновиќ напушти една хуманитарна ревија поради настапот на фолк-пејачката Вања Мијатовиќ, нејзините колешки и колеги одлучија да го возвратат ударот.

– Би му порачала на Сергеј дека сите ние „грандовци“ си ги бришеме солзите со банкноти од по 100 евра секој пат кога некој ќе се обиде јавно да нè понижи – изјави за српски „Блиц“ фолк-пејачката Андреана Чекиќ и, ѝ дадеподдршка на колешката Мијатовиќ.

Некои други фолк-пејачи го нарекоа „малограѓанин“. Самата пејачка поради која Трифуновиќ демонстративно ја напуштил хуманитарната ревија во Белград, Вања Мијатовиќ, на социјалните мрежи напишала дека тој е еден од нејзините омилени глумци и дека ѝ е жал што некој кој и самиот е уметник ја осудува уметноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top