| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: ЕУ и САД ќе продолжат заедно да работат

federika-mogerini
ЕУ и САД ќе продолжат заедно да работат, напиша на Твитер високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, во својата прва реакција на резултатите од американските претседателски избори.
„Врските меѓу ЕУ и САД се подлабоки од секоја промена во политиката“, напиша таа.

„Ќе продолжиме заедно да работиме за наново да ја откриеме силата на Европа“, дополни Могерини на одгласите за победата на републиканецот Доналд Трамп на изборите во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top