По обилните и интензивни врнежи од дожд Албанија целосно е под вода. Единствен град каде нема поплави е градот Корча.
Поради создадената ситуација и денеска, како што соопшти министерката за образование Линдита Никола, во училиштата на целата териорија на земјата нема да се одржува настава.
Населените места се под вода, од дел од нив е евакуирано населението, на многу патни правци не се одвива сообраќајот, во поширокото подрачје на околијата Пешкопеја и Скадар има и појава на одрони од камен и земја.
Над 150 илјади домаќинства се без електрична енергија. Многу екипи на Електродистрибуција се обидуваат да ги отстранат дефеките на елекромрежата, јавуваат албанските медиуми.
Поради невремето и намалената видливост од обилниот дожд, автобус полн со патници излетал од патот Туман-Фуш Круја и завршил во место полно со вода. За среќа избегната е трагедија.
До доцна синоќа официјално е потврдено дека во невремето животот го загубиле три лица.
Премиерот Еди Рама доцна синоќа на својот профил на фејсбук напиша дека сите здравствени институции се максимално ангажирани за да се справат со состојбата созадена од поплавите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија