| четврток, 6 декември 2018 |

Нема проблеми од денешните врнежи од дожд во Сингелиќ и Стајковци, службите на терен

Поради обилните врнежи во тековниот ден, градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски со претставници од ЈП Водостопанство „Скопско поле“ и дел од општинската адинистрација излегоа на терен во населените места Сингелиќ и Стајковци, каде констатираа дека каналската мрежа функционира непречено.
Од увидот на лице место кои го направија може да се види дека жителите од овие населени места немаат поголеми проблеми од денешните врнежи од дожд.

Во населеното место Инџиково, ЈП Водовод и канализација со дополнителни пумпи работат на одведување на атмосферските води.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top