Откако изјави дека добил повик од Хилари Клинтон да му ја честита победата, новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп го нагласи обединувачкиот тон во својот говор.
По долга и тешка кампања, Трамп вели дека „сега е време за Америка да ги преврзе раните на поделба“.
“Сето тоа републиканци, демократи и независни низ државата, велам дека е време за нас да се сплотиме како еден обединет народ“, рече тој.
„Давам збор на сите граѓани на нашата земја дека ќе биде претседател на сите Американци и тоа е многу важно за мене. За оние кои не ме поддржаа, имаше неколкумина, се обраќам до вас за насоки и за ваша помош за да можеме да работиме заедно и да ја обединиме нашата голема земја“- рече Трамп во својот прв говор како избран претседател на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.