| четврток, 6 декември 2018 |

Доналд Трамп е новиот претседател на САД: 3.30 часот – момент на пресвртот

Њујорк тајмс објави скала како дојде до пресврт кој на ексцентричниот милијардер му даде повеќе од 90% шанси за победа со график кој го прикажува неговиот вртоглав раст.

Скалата не произволна, туку се базира на податоците од избирачките места, а пред почетокот на броењето, беше врзана за предизборните истражувања.

Така Хилари ја започна изборната трка  cсо 80% шанси да се всели во Белата куќа, овојпат како претседателка, за во 3.30 часот по наше време црвената и сината линија да се пресечат и Трамп да премине во водство.

Од тој момент шансите на Трамп само растеа од скромни 58% за неколку часа дојдоа до >95%.

Резултатите од Охајо, Флорида и демократска Вирџинија и фактот дека Хилари Клинтон не оствари доволно убедлива победа во своите држави му донесоа победа на Доналд Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top