Една од одлучувачките држави околу тоа кој ќе биде новиот американски претседател секако ќе бидат и тие во кои поддршката е скоро изедначена, а во таа категорија спаѓа и Северна Каролина.
Последните резултати од гласањето покажуваат дека во моментов, претседателската кандидатка од Демократската партија Хилари Клинтон заостанува за еден поен во оваа сојузна држава зад Републиканскиот кандидат Донал Трамп.
Освоените 15 изборни гласови во Северна Каролина ќе се покажат како клучни доколку Трамп сака да ги задржи шансите за победа против Клинтон. Доколку милијардерот победи во оваа држава, патот на Трамп кон 270 изборни гласови е многу веројатен.
Избирачките места во Северна Каролина се затвораат во 19.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.