Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш и поранешната прва дама Лора не гласале, туку ги оставиле гласачките ливчиња празни.
Тие својот глас не го дале ниту за Доналд Трамп, кој му е сопартиец на Буш во Републиканската партија, ниту за демократката Хилари Клинтон.
Портпаролот на Буш соопшти дека тие не гласале, откако во септември се шпекулираше дека тие ќе ја поддржат Хилари Клинтон.
„Не гласаа за Хилари; не гласаа за Трамп“,напиша портпаролот Фреди Форд откако во ниту ги негираше ниту ги потврди гласините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.