билните дождови што денеска го зафатија Балканот предизвикаа излевање на повеќе реки, поплави и прекин во електроснабдувањето во одделни реони.
Албанските власти попладнево и официјално потврдија дека во поплавите предизвикани од невремето што зафати делови на Албанија, животите ги загубиле три лица,
Како што јави допсиникот на МИА, станува збор за лица од на вораст од 40 до 50 години од Клос, Сукт и Тирана.
Албанскиот премиер Еди Рама го свика Кризниот штаб. поради создадената ситуација во земјата по обилните и интензивни дождови. што од синоќа ја зафатија земјата.
Рама изјави дека се ангажирани сите структури, вклучувајќи ја и армијата, со цел на најдобар начин да се справат со созадената ситуација, пред се да се спаси секој човечки живот.
– Сите структури под раководство на министрите и одговорните лица се ангажирани со цел на најдобар можен начин се справат со оваа, навистина, вонрена состојба, кога станува збор за дождовите, изјави Рама.
Најпогодени од невремето се подрачјата на Драч, Тирана, Пешкопеја, Лежа и Ѓирокастро, каде под пода се над 500 хектари земјоделски површини, а поплавени се многу домови.
Семејство со малолетни деца попаднево било спасено од давење во Буел, откако во последен миг било евакуирано од армиски хеликоптер.
Зголемиот дотек на реките услови и зголемено ниво на вода во акумулациите на трите хидроелектрични централи на реката Црн Дрим, но според надлежните засега нема опасност за браните. Доколку интензитетот на дождот продолжи, не се исклучува можноста од исуштање на вода, со цел да не дојде до пукање на браните.
Српската државна телевизија РТС јави дека поради надојдената вода во прекин е сообраќајот на неколку регионални патни правци во југозападна Србија, а десетици граѓани биле принудени да ги напуштат своите домови кои се под вода.
Лизгање на земјиштето предизвикало и прекини во сообраќајот во реонот на Копаоник.
Дводневните обилни дождови предизвикаа поплави и во северниот дел на Црна Гора, во близина на границата со Србија. Поради поплавите на жителите на Беране им е препорачано да не ја пијат водата од чешмите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија