| четврток, 6 декември 2018 |

Венчавка која ја потресе Југославија пред 36 години – невестата побегнала низ прозорец

Еден од најпознатите бракови во поранешна Југославија, а по кој се крена голема врева е оној меѓу тогаш најпознатата ракометарка на светот Светлана Китиќ и фудбалерот на мостарски Вележ, Блаж Слишковиќ.

Нивниот брак во 1980 година беше вистинска медиумска сензација, а траеше само четири месеци. Таа имаше 21 година, а тој 22. На свадбата имало повеќе од 500 гости.

Како што подоцна раскажала Китиќ, причината за разводот е тоа што Слишковиќ сакал да ја задржи дома.

– Сакаше да седам дома и да раѓам деца, а јас не сум тој тип на жена. Кога решив да се разведам, побегнав низ прозорец – изјави популарната ракометарка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top