| четврток, 6 декември 2018 |

Mу украл сè, па дури и апаратот за мерење шеќер

Во петокот, на 4 ноември, од 15.00 до 20.00 часот во Скопје на ул. „Партизанска“, непознат сторител со употреба на подесен клуч извршил тешка кражба во стан сопственост на Н.К.(29) од Битола.

Крадецот украл телевизор, два лаптопа, апарат за мерење шеќер, 3.000 евра и златен накит, здобивајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top