Влијателниот швајцарскиот весник Ноје Цирихер Цајтунг денеска објавува своја анализа за причините зошто еврокомесарот за проширување Штефан Филе иницирал нови преговори за името. Весник анализира дека иницијативата на еврокомесарот се должи на опасноста без решение за името влијанието на Европската унија во целиот регион.
„На коцка е ни помалку ни повеќе туку влијанието на ЕУ врз балканските држави, каде многумина веруваат дека ветувањата за членство во еу се само флоскули пишува“, весникот. Истовремено и на државите од ЕУ Филе мора да им покаже дека процесот на проширување, со сите предизвици и понатаму е најдобар инструмент за реформа на државите и општествата на западниот балкан.
Според весникот постои добра причина зошто Филе се одлучи да го отвори токму прашањето на Македонија – затоа што во другите држави кои се кандидати за прием состојбата е уште покомпликувана. Со ова швајцарскиот весник ја објаснува креативноста на Европската комисија која во случајот со Македонија измисли сосема нови начини како со таканаречениот пристапен дијалог на високо ниво да се заменат преговорите за членство и со тоа да ја ескивира грчката блокада за Македонија. А се со цел Брисел да даде сигнал дека не се откажува од стабилноста на регионот и од членство на сите земји од Балканот во Европската унија. За разлика од македонската страна официјална Атина веднаш ја отфрли иницијативата на еврокомесарот Филе според која разговорите за името паралелно со преговорите со посредништво на Нимиц би се одвивале и на релација Скопје – Атина – Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.